Александар Јанев е новиот директор на Бирото за јавна безбедност кој ќе го замени Сашко Тасевски кој на оваа функција беше од 2018 година.
Потврдата дека Јанев е нов директор на БЈБ може да се види и на официјалната страна на МВР, каде што на местото на Тесвски веќе е впишана биографијата на новиот раководител.
Јанев има долгогодишно искуство на раководни позиции во МВР, а бил и началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал.
Директорот на БЈБ, на предлог на министерот за внатрешни работи, го именува и го разрешува Владата, а мандатот е четири години. БЈБ е орган во состав на Министерството за внатрешни работи што ги врши полициските работи во Министерството и чија организација и надлежност е уредена со Законот за полиција.