Бил Гејт – првиот човек на Мајкрософт смета дека „акутната“ фаза на пандемијата на Ковид 19 ќе заврши во текот на 2022 година.
„Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус“, напиша Гејтс на својот блог.
Гејтс е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант „Мерк“ неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек „молнупиравир“, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.
„Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од Ковид-19“, напиша Гејтс.
Признава дека и покрај примената на вакцините против коронавирусот, годинава од Ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата.