Бил Гејтс: Криптовалутите се измама заснована на „теорија за големи будали“

Бил Гејтс – основачот на Мајкрософт вели дека криптовалутите и NFT се измама.

„Овие трендови на дигитални средства се стопроцентно засновани на „теоријата за големи будали“, рече Гејтс осврнувајќи се на теоријата дека понекогаш може да се заработат пари со купување на преценети средства ако тие средства подоцна можат да се продадат по уште повисока цена.

Во тој случај, еден „будала“ би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „поголема будала“ од себе и на тој начин да го земе профитот. Ова може да функционира сѐ додека има доволно „будали“ спремни да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, серијата пука и следи значителен пад на цената, вели тој.

Гејтс рече дека не се тргува со криптовалути потенцирајќи дека „скапите дигитални слики од мајмуни многу ќе го подобрат светот“.

Милијардерот вели дека претпочита старомодни инвестиции.

„Повеќе сум навикнат да инвестирам во средства, како фарми кои имаат производство или компании кои нудат вистински производи“ – рече тој.