Политичката партија Левица објави дека професорката Билјана Ванковска, која е нивниот кандидат за претседател на државата ги собрала потребните 10.000 граѓански потписи.
„Професорката д-р Билјана Ванковска и официјално го доби легитимитетот да биде претседателски кандидат. Со собраните 10.000 потписи за рекордно време, конечно Левица и работниот народ на Македонија ќе имаат претседателски избори со избор“, велат од Левица.
Додаваат дека со тоа, партијата фронтално ќе се пресмета со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а народот ќе има можност да избере претседател кој суверено ќе ги брани националните интереси на Македонија, наместо да биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси.
Досега потребните потписи ги собраа Бујар Османи од ДУИ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и последен кој тоа го направи – Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Тој веста дека се собрани потребниот број потписи го објави на Фејсбук: