„Билд“: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината, што е зголемување од околу четири проценти, објави денеска весникот „Билд“, повикувајќи се на владини извори.

Весникот наведува дека ќе бидат обезбедени средства од буџетот за 10.000 војници и 1.000 цивилни лица во служба на армијата до крајот на годинава.

Како што се истакнува, тоа зголемување е предвидено во буџетот за годинава, кој германската Влада ќе го одобри идната недела.