Бизнисменот Чедо Радомировиќ починал во болница откако повреден бил најден кај село Орман

Бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше една од важните фигури во бизнис круговите во доцните 1990-ти, почина од здобиените рани најверојатно од истрел во главата.
Основачот на фирмата „Техноком“ и на Радо банка, беше пронајден доцна синоќа со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман.

Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повреда во пределот на главата.

Според информации во медиумите до него имало пиштол и чаура. Веднаш бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но за кусо време починал од тешките повреди.

На лице место се уште се врши увид од страна на екипи.