Фасада се урнала и паднала врз бебе во центарот на Белград, во преминот во Кнез Михаилова, дознава Нова.рс.
Таткото, седумгодишното момче и едно бебе се полесно повредени.
Петмесечното бебе се здобило со повреди на главата и итно било пренесено во болница.
Според првите информации, се работи за семејство од Русија. Фасадата паднала и врз таткото на децата како и неговиот седумгодишен син. Бебето е добро и во стабилна состојба, но е под опсервација во болница.
Синот има гребнатинка на лицето, рекол тој.
Засега не се знае како се урнал делот од фасадата.
Местото на несреќата е оградено.