Беџети: Села ќе остане опозиција, ќе остане заедничката парламентарна група со ДУИ

„Како што ја видов нивната изјава, тие ќе продолжат да бидат опозиција и дека ние ќе продолжиме да соработуваме“, рече Беџети. Беџети рече дека нивните пратеници ќе продолжат да функционираат како парламентарна група на Европскиот фронт. Тој додаде дека како што рекол и Села, во рамките на општините нивните советници ќе продолжат да соработуваат.

Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, денес на прес-конференција изјави дека пратениците на ДУИ ќе продолжат да функционираат во рамките на Европскиот фронт. На прашањето за заминувањето на Зијадин Села, тој рече дека одлучиле да функционираат независно и дека повторно ја поздравуваат и поддржуваат соработката на опозициските партии.

„Како што ја видов нивната изјава, тие ќе продолжат да бидат опозиција и дека ние ќе продолжиме да соработуваме“, рече Беџети.

Беџети рече дека нивните пратеници ќе продолжат да функционираат како парламентарна група на Европскиот фронт. Тој додаде дека како што рекол и Села, во рамките на општините нивните советници ќе продолжат да соработуваат.

За разлика од Села во Националниот фронт за интеграција останува Арбен Таравари.

„Имаме договор, заеднички кандидат за Гостивар ќе биде доктор Валбон Лимани, тој што победи со 17.000 наспроти 4.200 гласови и му недостигаа само 21 глас за цензус. Оваа тема е одамна апсолвирана“, изјави денес Таравари.

Имено, Таравари вели дека тој и АА продолжуваат како НАИ и дека очекува „добри реформи“ на Конгресот на ДУИ што треба да се одржи во текот на следниот месец. Воедно, тој ја отфрла можноста „интегративците“ да исфрлат свој кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори, кои треба да се одржат на почетокот на следната 2026 година откако не беше постигнат цензус во првиот круг на изминатите локални избори.