Бесими: Ќе се кратат трошоците за мебел и возила, ќе се додадат за струја и енергенси
Министерот за финансии – Фатмир Бесими вечерва на тв Сител рече дека со ребалансот на Буџетот ќе се кратат средства за мебел и возила, а ќе се додаваат за електрична енергија и енергенси. Тој истакна дека ребалансот ќе биде доставен до Собранието најверојатно до крајот на месец мај и со него е предвидено линеарно намалување на тековните расходи.
„Со ребалансот ќе се сведат на минимум или на нула средствата за возила и за мебел, а ќе се кратат и други ставки, додека кај трошоците за електрична енергија и енергенси ќе се додадат“ вели Бесими.
Според него, најверојатно со ребалансот ќе има потреба и за зголемување на дефицитот.