Бесими: Подготвуваме мерки за балансирање на поскапувањето на основните производи
Министерот за финансии – Фатмир Бесими во врска со зголемувањето на цените на нафтата, струјата, но и на основните производи истакна дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во земјава.
„На ист начин ни се пренесуваат и цените кои растат на европските берзи. Сите извори на енергија, нафтени деривати, електрична енергија, природен гас итн. До сега имаше поскапување на цените, но не 10 или 20 проценти. Ова сега за мене е алармантно со она што се случува на енергетскиот пазар“ – изјави Бесими за „Индекс.мк“.
Тој посочи и дека Владата наскоро ќе презентира мерки со кои ќе се амортизира поскапувањето на цените.
„Денеска во Владата имавме средба со претставници, не само на економските ресори, туку и со надворешни експерти, на која разговаравме за ситуацијата и подготвуваме мерки кои во наредните денови Владата ќе ги презентира, како да се влијае, балансира и амортизира поскапувањето на основните производи, но и на енергенсите“ – рече Бесими.