Бесими: Денарот е стабилен, а во 2022. ќе нема К15 за јавен сектор

„Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот“. Ова е пораката која денеска на прес-конференција ја испрати министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми“ – истакна Бесими.

Тој посочи дека инфлацијата е во рамки на предвидувањата и очекувањата. Министерот Бесими рече и дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

„За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор“ истакна Бесими.