
Бесент: Економскиот притисок може да ги натера Русите на преговарачка маса
- Сега сме во трка помеѓу тоа колку долго може да издржи украинската војска наспроти колку долго може да издржи руската економија, додаде Бесент.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, изјави денеска дека дополнителен економски притисок од страна на САД и Европа може да го натера рускиот претседател Владимир Путин да започне мирни преговори со Украина.
– Ако САД и Европа (Европската Унија) се вклучат, воведат повеќе санкции, секундарни тарифи на земјите кои купуваат руска нафта, руската економија ќе се распадне целосно и тоа ќе го натера претседателот (Владимир) Путин да седне на преговарачката маса, рече Бесент во емисија на Ен-Би- Си.
Министерот за финансии истакна дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е „подготвена да го зголеми притисокот врз Русија“
– Сега сме во трка помеѓу тоа колку долго може да издржи украинската војска наспроти колку долго може да издржи руската економија, додаде Бесент.