БЕСА: Средба со Тошковски за изнаоѓање решение за проблемите со редиците на гранични премини

Во координација со министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски (по информирањето на седницата на Владата), за да се најде решение за проблемите поврзани со бескрајните редици создадени на граничните премини, се одлучи:

– Итно да се обезбедат услови (средства), кои ќе ги оспособат граничните премини со опремата кои електронски ќе ги внесаат податоците…

– Отворање на две „линии“, кои ќе се користат исклучиво за иселениците во сезоните на нивното доаѓање во татковината.

– Посебно постапување со иселениците, овозможувајќи леснотии во постапките за идентификација.

– Итни состаноци на прекуграничните тела со Косово и Србија, за спроведување на интегрираниот систем (заедничко верификација на документацијата), за да се избегнат гужвите.

– Приоритет останува граничната премини Табановце и Блаца, места кои се фрекуентирани од иселениците за време на нивните одмори.

*ПС: Со посебен акцент беше дискутирано борбата против криминалците, кои го доведоа општеството во ниво да ја напушти државата.