Со зурни, тапани и охномет вечерва во Тетово, Беса слави победа на денешните избори за Советот. Голем број граѓани се собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово, Билал Касами.
Според податоците во моментов на вебстраницата на ДИК, од досега преброените гласови најмногу гласови има Беса 4 824, потоа ДУИ со 4 261, ВМРО-ДПМНЕ со 1 730, СДСМ со 1 212, ДПА со 583, Алтернатива со 494, Левица со 377, ГИ Ељмедина Абдуллахи со 361, Алијанса на Албанците со 322, ПЦЕР 202, ДПТМ 162, Интегра 78, ГИ Агон Заими 75
Во претходниот состав на Советот ДУИ имаше 10, Беса 8, ВМРО-ДПМНЕ 4, Алијанса за Албанците 3, СДСМ 2 ДПА 2 и двајца советници од независна листа.