Општина Берово пред половина час испрати барање за гаснење на пожарот од воздух, информираат за МИА од прес-службата на кабинетот на градоначалникот, Звонко Пекевски. Барањето е доставено до Центар за управување со кризи.
-Поради големиот настанат пожар на месноста меѓу селата Митрашинци и Будинарци, во која е зафатена голема површина од дабова и нискостеблеста шума бараме од Вас да ни излезте во пресрет на гаснењето на пожарот со воздушна поддршка-хеликоптери, стои во барањето потпишано од градоначалникот на Општина Берово.
Овој пожар е надвор од контрола поради ветерот, а зафатени се над 50 хектари шума. Градоначалникот претходно го повика населението на мобилизација и да придонесе во гаснењето на пожарот.