Беровец ја тепал сопругата, доби кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.М.(48) од беровско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

– На 28.10.2023 во семејната куќа, пријавениот физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, соопштија од МВР.