Берни Еклстон уапсен во Бразил

Берни Еклстон (91) – поранешниот прв човек на Формула 1 синоќа е уапсен во Бразил поради нелегално поседување оружје, додека се качувал во приватен авион на лет за Швајцарија – соопшти денеска бразилската полиција.

Во багажот на Еклстон полицијата пронашла пиштол за кој тој не поседувал документи.

Еклстон и признал на полицијата дека поседува пиштол, но рекол дека не знаел дека оружјето се наоѓа во неговиот багаж.

Тамошните медиуми јавија дека Еклстон е пуштен на слобода, но прво морал да плати кауција.

Еклстон беше во Бразил на состанок со трикратниот светски првак во Ф1 – Нелсон Пике.