Екс-италијанскиот премиер Силвио Берлускони (85) изјави дека е „длабоко разочаран и тажен“ од однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави „Би-Би-Си“.
Берлускони беше близок пријател со Путин, дури и го покани на одмор во неговата вила на островот Сардинија.
„Го познавам околу 20 години и отсекогаш изгледаше како демократ и човек на мирот“ – рече Берлускони кој трипати беше на чело на италијанската влада во периодот од 1994 до 2011 година, а досега се воздржуваше од јавно критикување на Путин.
„Соочена со ужасите од масакрите врз цивили во Буча и другите места во Украина – вистински воени злосторства, Русија не може да ги отфрли своите одговорности“ смета тој.