Бериша: Ќе го прогласиме Сорос „нон грата“, Рама планира егзил

Поранешниот албански премиер и екс шеф на државата, актуелен лидер на опозициската  Демократска партија, Сали Бериша, на онлајн прес-конференција изјави дека штом ќе дојде на власт, ќе го прогласи нон грата „главниот мафијаш Сорос".

Поранешниот албански премиер и екс шеф на државата, актуелен лидер на опозициската  Демократска партија, Сали Бериша, на онлајн прес-конференција изјави дека штом ќе дојде на власт, ќе го прогласи нон грата „главниот мафијаш Сорос”.

– Најопасната меѓународна мафија, на чело со Сорос, доби силен удар од американските граѓани, кои со својот глас го потпишаа американското и не само американското чудо.

Тоа е широка битка, не е лесна, но секако Албанците повеќе нема да имаат непоканети гости на секои две недели, главниот мафијаш Сорос, кој во своите мистериозни патувања никој не кажува што го поттикнало да доаѓа на секои две три недели, рече Бериша.

Гарантирам, додаде, дека неговата фондација еднаш засекогаш ќе биде затворена во Албанија а тој ќе биде прогласен за нон грата.

Бериша обвини дека има информации, од сигурни извори, дека премиерот Еди Рама се подготвувал за егзил.

-Информациите потврдуваат  дека Рама се подготвува за  егзил бидејќи знае дека ќе биде баран, не само од албанската, туку и правдата на другите земји, рече тој.

Иако од декември во домашен притвор Бериша (80), најмалку еднаш неделно одржува онлајн прес-конференции, речиси секојдневно е со објави на социјалните мрежи, а секоја вечер преку прозорец од станот им се обраќа на насобрани граѓани и сопартијци.

Тој вечерва ги повика граѓаните на протест пред Уставниот суд кој утре решава околу неговото барање за испитување на уставноста за определените мерки, најпрво редовно јавување, а потоа домашен притвор.