
Бериша пред утрешниот масовен протест: Му велам на Рама, ако си маж, утре остани во канцеларија
Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша на денешната редовна неделна прес-конференција со медиумите, изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата".
Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша на денешната редовна неделна прес-конференција со медиумите, изјави дека албанскиот премиер Еди Рама, ќе добие „лекција од граѓаните за време на масовниот протест што опозицијата ќе го одржи утревечер пред Владата”.
-Ќе и одржиме лекцијата на Владата каква што заслужува, така ќе го опишам протестот. Граѓаните ќе ѝ одржат силна лекција на владата. Нека остане во канцеларија. Тоа е она што го велам, остани таму. Ѕидовите ги блиндиравте, ги запечативте вратите, влези и остани внатре, ако сте маж, рече Бериша.
Додаде дека „Рама е во црвен круг” и оти опозицијата и граѓаните ќе го соборат.
-Престанавме да соработуваме со нарко-мнозинството, ние опозициските сили ќе формираме комисии за територијална и изборна реформа. Ќе ја спроведеме вистинската реформа, нагласи Бериша.
Неговата партија во парламентот има 50 од 140 пратенички места.
Протестот е поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, кој е во затворски притвор, се одржува под мотото “Национален протест – Долу”, почнува во 17 часот пред владата во Тирана.