Бериша побара „Резолуција за српскиот геноцид Косово“ и обвини дека Рама е слуга на Вучиќ

На денешната пленарна седница на албанско Парламент, покрај барањето за разрешување на првиот парламентарец, Нико Пелеши, што беше отфрлено, лидерот на Демократска партија, во име на опозицијата, побара донесување „Резолуција за осуда на српскиот геноцид во Косово“

На денешната пленарна седница на албанско Парламент, покрај барањето за разрешување на првиот парламентарец, Нико Пелеши, што беше отфрлено, лидерот на Демократска партија, во име на опозицијата, побара донесување „Резолуција за осуда на српскиот геноцид во Косово“.

– Да го негираш српскиот геноцид на Косово, да ја негираш совеста на својата нација, значи да бидеш без совест, тоа е надвор од секој концепт. Како можеш да ја трансформираш својата крв, а во твоите семејства имаш луѓе кои паднале за татковината. Може ли Албанец да гази на оваа крв? Зошто го правите ова, затоа што вашиот лидер (Еди Рама) е аргат на Вучиќ, тој е слуга на Вучиќ, рече Бериша од говорницата.

Додавајќи дека стануваат соучесници во злосторството, на социјалистите им порача „мора да се спротивставите на геноцидот, убивањето од етнички причини е геноцид“.

Одговарајќи му, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, рече дека „сè што доаѓа од Бериша за Косово никогаш не било и никогаш нема да биде за добро“.

-Ништо што доаѓа од Бериша и кога станува збор за Косово никогаш не било и никогаш нема да биде за добро. Вашата одлука да го бојкотирате протестот во поддршка на ОВК е едноставно потврда за вашите ставови и дејствија против интересите на Косово. Прашувам зошто српските навивачи го скандираа името на Бериша на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија? Се знае затоа што Сали е добар српски зет, тој добро ѝ служел на Србија секогаш кога имал можност, рече Бала.

Сопругата на Бериша, Лирија (Лири) Бериша, претходно Слободанка, е ќерка на Реџеп и Милица Рамај. Реџеп бил Албанец, со потекло од Црна Гора, и оженет со Милица Булатовиќ. Во 1990 година го сменила името Слободанка, што во превод на албански значи Лири(ја). Го модифицирала во Милика и името на нејзината мајка, Милица, за разлика од нејзиниот брат Агим Рамај, на чиј извод од матичната книга на родени кај графата мајка стои Милица.