Поранешниот албански премиер, актуелен лидер на Демократската партија на Албанија – Сали Бериша со објава на социјалната мрежа Фејсбук по синоќешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата.
„50.000 луѓе протестираат во Скопје против нивниот премиер кој молчеше кога Рама, шегаџијата без сол, му рече на Канцеларот Шолц, овој е премиерот на Западна Бугарија!“ – пишува Бериша.