Сали Бериша – екс албанскиот претседател и екс премиер повика на масовни протести. Тој го спореди владеењето на премиерот Еди Рама со диктаторски режим. Актуелниот премиер го нарече најопасен непријател на земјата, по Енвер Хоџа.
„Се соочуваме со Еди Рама кој е најопасниот непријател по Енвер Хоџа. Имаме монистички режим кој беше до 1991 година. Ништо поразличен, дури помонистички од него. Денеска целата власт, без исклучок е во рацете на Еди Рама, во рацете на еден човек, во рацете на една партија, реалност е дека Албанија е партија држава, кардинална форма на диктатура. Тука Уставот не постои“ – рече Бериша.
Оценувајќи ја состојбата во земјата како тешка, а Албанците заплашени побара од локалните партиски лидери да се подготват за протести.
Бериша го обвини Рама дека соработува со српскиот претседател Александар Вучиќ на штета на Албанците и на Косово.
„Албанците денеска каде и да се му се обраќаат на Албин Курти, со неговиот заштитнички став од проект кој воспоставува чиста српска хефемонија“ – посочи Бериша мислејќи на иницијативата „Отворен Балкан”.