Бериша: Косово е подготвено за војна!

Претставникот на Демократската партија на Косово Бериша, вели дека Косово е подготвено за војна доколку се наруши неговиот интегритет и суверинитет.

Бериша ова го напиша на Фејсбук, коментирајќи ја изјавата на Лајчак, по средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, дека е можна само нормализација или конфронтација на северот на Косово.

„Господине Лајчак, не уценувајте! Господине Лајчак, Косово е подготвено за војна, доколку се наруши слободата, интегритетот и суверенитетот на земјата. Но, треба да знаете дека ова нема да биде единствениот конфликт! Ве потсетувам вас и симпатизери на Србија дека во случај на војна со Србија, до битката за Ниш и Куршумлија, земјата на моите предци Рашка и Санџак“, пишува Бериша.