Бериша до Фон дер Лајен: Албанија не ги исполнува критериумите на ЕУ, освен геостратешките

-Во овој контекст, нагласуваме дека за ДП, Албанија во моментов, освен геостратешките и надворешнополитичките критериуми, не исполнува никакви други критериуми за нејзина интеграција во ЕУ. Ако се осврнеме на албанскиот народ, би додал тука дека во овие години, Албанците ја напуштиле својата земја повеќе отколку во кое било време на војна, природни катастрофи или други причини. За време на владата на Еди Рама, еден милион и 99 илјади граѓани ја напуштиле Албанија само кон европскиот простор, изјави Бериша на прес-конференција.

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ДП) и поранешен премиер, Сали Бериша, откако на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен ѝ посакува добредојде во Албанија и успех во нејзината турнеја во Западен Балкан, и порачува дека „Албанија не ги исполнува критериумите на ЕУ, освен геостратешките“.

Тој нагласи дека за ДП само процес на интеграција базиран на заслуги, функционирање на владеењето на правото, слободни избори и слободна пазарна економија е во најдобар интерес на Албанците.

-Во овој контекст, нагласуваме дека за ДП, Албанија во моментов, освен геостратешките и надворешнополитичките критериуми, не исполнува никакви други критериуми за нејзина интеграција во ЕУ. Ако се осврнеме на албанскиот народ, би додал тука дека во овие години, Албанците ја напуштиле својата земја повеќе отколку во кое било време на војна, природни катастрофи или други причини. За време на владата на Еди Рама, еден милион и 99 илјади граѓани ја напуштиле Албанија само кон европскиот простор, изјави Бериша на прес-конференција.

Исто така, додаде, ја користи можноста да ја изрази својата најдлабока благодарност до европските даночни обврзници, Европската комисија и владите на ЕУ за извонредната дарежлива помош што им ја дадоа на Албанија и Албанците во текот на годините и децениите.

-Но, ова е исто така можност јавно да се изјави дека ДП, политичката сила што ја направи Албанија членка на Советот на Европа, на НАТО, донесе либерализација на визнот режим и која ја заслужи препораката од ЕК за отворање преговори, но која беше злонамерно попречена од Еди Рама, силно ја поддржува и ќе ја поддржува безрезервно целосната интеграција на Албанија во ЕУ како најдобра иднина за Албанија и Албанците, посочи Бериша.

Претходно на заедничката прес-конфренција со премиерот Еди Рама, Фон дер Лајен изјави дека „напредокот на Албанија воодушевува, постигна рекордно темпо со преговорите и таа е на вистинскиот пат кон Европската Унија“, изразувајќи подготвеност да ја поддржи земјата на секој чекор од патот.