Бербок: Водиме војна против Русија

За време на дебатата во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, отворено рече „војуваме против Русија“.

„И затоа веќе реков во последните денови – да, мора да направиме повеќе за да ја одбраниме Украина. Да, треба да направиме повеќе и за тенковите.

Но, најважниот и клучен дел е тоа да го направиме заедно и да не ја играме играта на вината во Европа бидејќи водиме војна против Русија, а не еден против друг“, рече Бербок.

Да потсетиме, Германија вчера објави дека на Украина ќе ѝ испорача тенкови „Леопард 2“.

Претходно, оваа земја ја одложи испораката на тенковите што Киев ги побара.