19 годишникот, чии родители се од Македонија е еден двајцата уапсени за планирање терористички напад на концертите на една од моментално најпознатите светски пејачки Тејлор Свифт на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена, кои требаше да се одржат во следните три дена и беа откажани поради сериозни безбедносни закани.
Според пишувањата на дел од медиумите во земјава, неговото име е Беран Алији, роден во Австрија, но со потекло од Гостивар.
Како што објави австриската полиција двајцата уапсени, од кои вториот 17 годишник, се австриски државјани, а истрагата за планираните напади се уште е во тек.
Тинејџерот со македонски корени кој е главниот осомничен, се заколнал на верност на исламската држава пред неколку недели, а се радикализирал преку интернет, изјави генералниот директор на австриската јавна безбедност Франц Рауф
„Според последните податоци од истрагата, 19 осомничениот се радикализирал на интернет. 19 годишниот граѓанин се заколнал на актуелните лидери на ИСИС на почетокот на месец јули. Подоцна, осомничените преземале подготвителни дејствија за терористичкиот напад“ вели Рауф.
И македонската полиција е вклучена во истрагата, по барање на австриските колеги, со цел да се провери 19 годишникот, кој според весникот „Куриер“ наводно планирал со автомобил да се забие во десетици илјади обожаватели кои би стоеле пред стадионот за време на концертот, а потоа користејќи мачети и ножеви би ги нападнал присутните и ќе активирал бомба направена од украдени хемикалии.