Бен Афлек и Џенифер Лопез поднесоа барање за развод

Џенифер Лопез и Бен Афлек се пред развод, пишува „Дејли мејл“. Документите за развод се финализирани, но сѐ уште не се доставени, потврдиле за споменатиот медиум неколку извори блиски на парот.

„Тие ја направија документацијата пред еден месец, но го чекаат вистинското време да го објават тоа. Џенифер и Бен ќе објават заедничка изјава во која велат дека се бореле за да функционира нивната врска, но не успеале. Не можеле да дојдат до компромис. Она што го имале претходно, веќе го немаат и двајцата го прифатија тоа“, рекол изворот.

Покрај тоа, Бен купил замок од 20,5 милиони долари неколку дена откако парот го ставил својот дом на Беверли Хилс на продажба. Ова наводно уште повеќе ја налутило Џенифер. Парот последен пат беше заедно фотографиран на 30 март. Оттогаш, тие го поминуваат времето одвоено – Џенифер патува, а Бен е во Лос Анџелес. Дури и втората годишнина од бракот ја поминаа одделно.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на славниот пар. Сомнежите се засилија откако се дозна дека Бен и Џенифер ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година.

Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.

Џенифер го прослави својот роденден на крајот на јули, но Бен не беше на забавата.