Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата во земјава, според која од вечерва ќе имаме поскапување на дизелот, а поевтинување на бензините. Конкретно, цените се намалуваат за 0,14 проценти во однос на последната одлука.
Согласно методологијата за утврдување на цените, РКЕ одлучи цената на бензинот Еуросупер БС-95 да се намали за половина денар, додека бензинот Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар. Од друга страна, Еуродизелот ќе поскапи за еден денар.
Ова значи дека за литар Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе треба да плаќаме 84 денари по литар, а за литар Еуросупер БС-98 ќе издвојуваме 86 денари. Од друга страна, Еуродизелот останува со највисока цена и за секој литар наточено гориво ќе мора да се издвои по 91 денар.
Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 3,158%, а кај дизелот зголемување за речиси еден процент.