Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21. месецов.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 2,998 проценти.