Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,661 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 1,68%, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,026 проценти.