Бензема најави тужба против министерот за внатрешни на Франција

Познатиот француски фудбалер Карим Бензема се закани дека ќе го тужи за клевета министерот за внатрешни работи на Франција, Џералдо Дарманин, кој го обвини дека е поврзан со движењето „Муслиманско братство“.

Францускиот министер реагираше на објавата на Бензема на социјалната мрежа „Х“ дека се моли за жителите на Газа кои „повторно се жртви на неправедното бомбардирање кое не ги штеди жените и децата“.

Дарманин изјави дека Бензема не изразил слични симпатии за околу 1.400 израелски жртви на Хамас и дека е познат по неговата поврзаност со „Муслиманското братство“.

Бензема, кој игра во Првата лига на Саудиска Арабија, рече дека категорично ги негира наводите.

Преку неговиот адвокат во Париз, Хуго Вижие, тој се закани дека ќе преземе правни мерки за клевета против Дарманин.