Бензема е најблизу до „Златната топка“
Францускиот фудбалски репрезентативец, членот на мадридски Реал – Карим Бензема е во водечката позиција во борбата за „Златната топка“, објави „Goal“.
Како што се наведува, Французинот изби на врвот на листата пред полскиот напаѓач од Баерн Минхен – Роберт Левандовски, кој минатата година заврши на второто место, откако загуби од аргентинскиот ас Лионел Меси.
Кандидати за престижната награда се и Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Садио Мане (Ливерпул), Кевин де Брујне (Манчестер Сити) ), Винисиус (Реал Мадрид), Фил Фоден (Манчестер Сити) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).
На првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите сезонава против Челси (3:1), 34-годишниот Бензема постигна хет-трик. Тој стана четвртиот играч во историјата на турнирот кој ја надминал границата од 80 гола (сега има 82 погодока).