Бензема: Ги исполнив трите најголеми желби во животот, но никогаш нема да бидам како Зидан и Роналдо
Карим Бензема во понеделникот беше избран за најдобар светски играч на свечената церемонија во Париз. Бензема стана петтиот Французин кој ја добил најважната награда од „Франс Фудбал“ и се избори за посебно место во историјата во својата земја, а со тоа вели му се исполнила и последната од трите најголеми желби кои ги имал во животот.
„Ова дефинитивно е мојата најдобра година во годината, а потврда за тоа е и „Златната топка“. За оваа награда сонував од дете и стигнав до ова. Ги исполнив трите најголеми желби кои ги сонував како дете. И купив куќа на мојата мајка, потпишав за Реал Мадрид кој е најголем клуб во светот и ја освоив „Златната топка“. Тоа беа трите работи за кои сонував и горд сум на тоа што го остварив“ – вели Бензема.
По освоената „Златна топка“, Бензема беше спореден со Зидан и Роналдо Назарио од страна на Флорентино Перез – претседателот на Реал Мадрид, но Карим смета дека иако освои се, никогаш нема да биде блиску до квалитетот на двајцата.
„Не можам да бидам блиску до Зизу и Роналдо, ние сме сосема различни. Тие беа мои идоли и јас не можам да го правам тоа што тие го правеа на теренот. Сепак, тие ми беа инспирација и ми помогнаа да го правам она што го правам денеска. Никогаш нема да бидам на нивното ниво, тешко е да се достигне тоа ниво за било кој играч во светот“ – заклучува Бензема во интервјуто за официјалната телевизија на Реал Мадрид.