(Видео) Бел чад над Систинската палата – избран нов папа

Од оџакот на Систинската капела се издигна бел чад, што значи дека е избран нов поглавар на Римокатоличката црква.

Бел чад се издигна низ оџакот на Систинската капела, што значи дека кардиналите конечно успеаја да се договорат, односно да изберат нов папа со двотретинско мнозинство кој ќе предводи 1,4 милијарди католици.

Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се создаде бел чад, додека ѕвоната на црквата „Свети Петар“ беа занишани за да се известат воодушевените верници.

Името на новиот папа наскоро ќе биде соопштено.