Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не ѝ треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација, пренесува „Танјуг“.
Тој предложи да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“.
„Мораме да се смириме и да си ја завршиме работата ако сакаме да нема војна“, рече Лукашенко.
Претходно белорускиот претседател постојано изјави дека нема потреба од мобилизација.