„Белорусија наскоро може да ја нападне Украина и се подготвува да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на своја територија“. Ова е изјавата на висок функционер на НАТО, кој засега сака да биде анонимен.
Според неговите тврдења, пренесени од „Гардијан“ белоруската влада подготвува терен за да ја оправда таквата офанзива и распоредувањето на руско нуклеарно оружје.
„Не ви велам дека утре ќе го положат нуклеарното оружје. Мислам, тие презедоа политички чекори за да можат да добијат нуклеарно оружје доколку се донесе таква одлука“ – вели тој.
Според него, силите на Украина и Русија се блиску до пат-позиција, ако се уште не ја достигнале, а тоа ќе доведе до долга борба со загуба на животи и многу штети.
„Ниту една страна не може да победи. Ниту едната нема да капитулира“ – вели НАТО функционерот.
Белорусија се уште ја поддржува руската војна, бидејќи силите на Москва влегоа во нејзината граница кон Украина.