Белорусија ги повикува граѓаните да се регистрираат во воениот регистар

Белорусија денеска соопшти дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали ги исполнуваат условите за воена служба, но дека не планира да се мобилизира, пренесува Ројтерс.

– Активностите за воена регистрација и упис се строго рутински и се очекува да завршат до крајот на оваа година – соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела објави дека Белорусија и Русија почнале да распоредуваат заеднички вооружени сили долж границите на земјата.

Како што истакна белорускиот лидер, одлуката за распоредување на заедничка група сили е донесена за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, а е поттикната од ескалацијата на непријателските активности на западната граница на Белорусија, пренесе Телеграф.рс.