Белопета: Културата е генерално оставена на маргините

Оливер Белопета, еден од вечерашните соговорници во Трилинг смета дека културата генерално е оставена на маргините.

,,Може ли од национален интерес да биде концерт на Петар Грашо во Битола?” – вели Белопета.

На прашањето дали на формулирањето на вкупниот буџет за културата гледа политичка позадина тој возврати со одговорот:

,,Политичка позадина не толку, не е дека ја нема освен во она јас што велам дека културата е оставена генерално на маргините, се плашам дека тука слична судбина имаат и образованието и науката посебно, и таа е практично од долг период од властите оставена на страна. Тука е потребен акционен план, една агенда која ќе ја спроведува Министерството” – вели Белопета.

,,Уметниците, менаџерите програмски директори и така натаму, точно е тоа дека најголем број излегуваат по повод кога се носи оваа програма, меѓутоа јас ќе ви кажам и нешто друго. Дали културата е застапена во медиумите? Каде може да се излезе, во кој медиум? На било каква дебата? Кој не повикал? Никој!  Не повикува Министерството. Еве дури и овој разговор немаше да биде сигурно ако немаше скандали со годишната програма” – истакна тој.