Белингам кон Англичаните: Ако на сѐ гледате само негативно, никогаш нема да одиме напред!
Џуд Белингам беше меѓу играчите кои најтешко го прифатија поразот на Англија од Шпанија со 1-2 во финалето на ЕВРО 2024.
Тој призна дека „трите лава“ можеа да покажат подобра игра на шампионатот, но исто така истакна дека не треба да се фокусираат сите само на негативните аспекти, бидејќи тоа не е добро за тимот.
„Можевме да се претставиме многу подобро, не го негирам тоа. Но, луѓето треба да разберат дека големите турнири за националните тимови се многу поразлични од клупскиот фудбал. Тоа е сосема различен стил на игра. Не треба да го заборавиме тоа. Сезоната беше долга и повеќето играчи бевме изморени – и физички и психички. Изморени сме, но за нашата земја сакавме да дадеме сѐ од себе. Во финалето имавме чувство дека сме се вратиле во натпреварот кога постигнавме гол, но на крајот загубивме на суров начин. Сакавме да го направиме народот на Англија горд на нас. Не успеавме и има причини за тоа. Има искуства и нешта што можеме да ги извлечеме од овој турнир за во иднина. Мислам дека ако гледате на сѐ негативно, ништо никогаш нема да се промени. Треба да правиме некои работи поумно во овие натпревари. За жал, тоа значи дека не можеме да влегуваме во секој натпревар со идеја да победиме со 5-0. Едноставно треба да сме поумни. Сигурен сум дека ќе бевме посреќни ако направевме повеќе во некои од натпреварите. Сепак, успеавме да стигнеме до уште едно финале. На крајот, едноставно не успеавме. Севкупно е разочарувачко, бидејќи дојдовме за да победиме“, коментира Белингам.