Белграѓани се собраа на градскиот плоштад, запалија свеќи и порачаа: „Жалиме со Загреб“

„Белград тагува со Загреб“, гласи една белешка во форма на срце поставена покрај свеќи и плишани мечиња.

Граѓаните на Белград се собраа вечерва во градскиот плоштад, во близина на споменикот на принцот Михаил, за да запалат свеќи и да остават цвеќе по повод вчерашниот трагичен настан во основното училиште во Загреб.

„Белград тагува со Загреб“, гласи една белешка во форма на срце поставена покрај свеќи и плишани мечиња.

Нинела Радичевиќ и Миланка Негиќ, мајките на убиените девојчиња Ана и Софија, кои ги загубија животите во страшната трагедија што минатата година се случи во белградското основно училиште Рибникар, ги повикаа граѓаните да се соберат и да и дадат поддршка на Хрватска.

„Нашите соседи вчера беа погодени од страшна трагедија во која загина 7-годишен ученик. На 3 мај цела Хрватска беше со нас. Денеска сите мора да бидеме со Хрватска и со семејството на убиениот, како и со семејствата на повредените и нивните наставници, тоа е наша човечка обврска“, беше објавено на Фејсбук.

Да потсетиме, денеска во Хрватска е ден на жалост по трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко, во кој загина едно дете, а три беа повредени, како и наставничката која се обиде да го спречи 19- годишниот напаѓач.

За полицијата се уште не се познати мотивите на напаѓачот, но штом ќе закрепне, ќе биде сослушан.

По нападот побегнал во блискиот Здравствен дом и се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила во тоа.

Познато е дека насилникот одел во основното училиште каде го извршил нападот и дека се лекувал од психички проблеми.

Извор: Фокус