
Белград : Млад човек пронајден во вирче крв, осомничениот уапсен со две пушки
Откако телото на млад човек (35) беше пронајдено во вирче крв на детско игралиште во Белград, полицијата уапси едно лице (21).
Според Telegraf.rs, уапсениот е осомничен за убиство, а во моментот на апсењето имал две пушки со себе.
Осомничениот бил пресретнат кратко по злосторството од полицајци во цивил кои го собориле на земја и го разоружале.
Претходно, на детското игралиште беше пронајдено тело на млад човек, со словенечки документи за кои се сомневаст дека се фалсификувани.
На фотографијата објавена од српските медиуми може да се види дека убиениот маж лежи во вир крв и дека форензичките експерти го обележуваат местото на настанот и собираат докази.
Полицијата ја држи населбата под блокада бидејќи бара уште две лица кои избегале со автомобил по убиството.