Белградските студенти најавија бојкот на наставата за денеска како поддршка на своите колеги од Нови Сад
Студентите на Универзитетот во Белград најавија бојкот на наставата за денеска како знак на поддршка на колегите и професорите од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад, посочувајќи на она што тие го нарекуваат злоупотреби и грубо кршење на автономијата на универзитетот.

Во соопштение на социјалните мрежи се нагласуваат дека академската заедница е сведок на притисоци што ја загрозуваат автономијата на универзитетот, академскиот интегритет и слободата на мислење, поради што студентите сметаат дека е потребно јавно да реагираат.
„Со овој чин, јасно го изразуваме нашиот протест против ваквите дејствија“, се наведува во повикот за бојкот, со апел до професорите да им се придружат на студентите и да ја поддржат одбраната на основните вредности на академската заедница.
Студентите нагласуваат дека чувствуваат одговорност да реагираат во ситуации каде што, како што наведуваат, се кршат законот и институциите. Наместо настава, најавен е собир претпладнево и протест пред Ректоратот во вечерните часови.