Бела куќа: Нема информации дека Украина била вмешана во нападот во Москва

Белата куќа вечерва соопшти дека засега нема информации дека Украина е вмешана во, како што рече, „страшниот“ напад на концертна сала во Москва.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД собираат информации за терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 40, а беа ранети повеќе од 100 луѓе.

„Во моментов нема индикации дека Украина или Украинците се вмешани во пукањето. Сакам да ве одвратам во овој момент од каква било поврзаност со Украина“, им рече Кирби на новинарите во Белата куќа.