Белата куќа: Не е време за прием на Украина во НАТО

Процедурата за прием на Украина во НАТО би требало да се разгледа во друго време, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливен.

„Според нашето мислење, сега најдобриот начин е Украина да се поддржи низ практична поддршка на теренот, а процесот во Брисел би требало да се почне во друго време“, им кажа Саливен на новинарите.

Тој притоа истакна дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат политиката на „отворени врати“ на НАТО.

„Сите одлуки за пристапување мора да бидат донесени меѓу 30-те земји членки и државите кои сакаат да се придружат“, прецизираше Саливен.