Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан вчера разговарал со косовскиот премиер Албин Курти и изразил загриженост за српската воена мобилизација во близина на границата со Косово, соопшти Белата куќа.
Саливан и Курти разговарале за дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ. Во таа прилика американскиот советник посочил дека дијалогот е „единствено долгорочно решение за обезбедување стабилност на цело Косово“, се вели во соопштението на Белата куќа.