
Белата куќа демантира: „Нема да користиме нуклеарно оружје против Иран“
Реакцијата доаѓа по шпекулации поттикнати од изјави на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој рече дека САД имаат „алатки во арсеналот“ што сè уште не се искористени, како и по драматичната порака на претседателот Доналд Трамп дека „целата цивилизација може да исчезне“.
Белата куќа остро ги демантираше тврдењата дека САД размислуваат за употреба на нуклеарно оружје против Иран. Реакцијата доаѓа по шпекулации поттикнати од изјави на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој рече дека САД имаат „алатки во арсеналот“ што сè уште не се искористени, како и по драматичната порака на претседателот Доналд Трамп дека „целата цивилизација може да исчезне“.
По објава на социјалните мрежи дека Венс наводно сугерирал можност за нуклеарен напад, официјален профил на Белата куќа остро реагираше, оценувајќи ги ваквите тврдења како неточни и претерани.
„Ништо од она што Венс го кажа не укажува на тоа“, порачаа од администрацијата, обидувајќи се да ги смират растечките стравувања за можна ескалација на конфликтот.
Иако Вашингтон нагласува дека располага со различни опции, засега не е донесена одлука за нивна употреба, додека тензиите меѓу САД и Иран продолжуваат да растат.