Белата куќа го укина меморандумот за замрзнување на грантови и заеми

Белата куќа објави дека го повлекла меморандумот со кој се наредува федерално замрзнување на стотици милијарди долари грантови и заеми, по одлуката на судот да ја запре наредбата потпишана само неколку часа претходно од американскиот претседател Доналд Трамп, јавува „Би-би-си“.

Портпаролот на Белата куќа, Каролина Ливит изјави дека меморандумот од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB) за замрзнување на федералните заеми и друга помош е укинат, но дека самото замрзнување останува на сила.

Замрзнувањето беше објавено во понеделникот и блокирано од федералниот суд во вторникот.

„Ова не е пресврт на замрзнувањето на федералното финансирање. Тоа е едноставно пресврт на белешката на ОМБ“, напиша Левит на социјалната платформа X. „Извршната наредба на претседателот (Доналд Трамп) за федерално финансирање останува во сила и ќе биде строго спроведена“, додаде таа.

Трамп рече дека целта на привременото замрзнување на финансирањето на одредени несуштински програми е да и се обезбеди на владата доволно време да утврди дали има случаи на измама, расипничко или неоправдано трошење на јавните пари. Тој рече дека декретот ја стопира исплатата на 1,7 милијарди долари на странски организации.