„Бекутан“ ги собира познатите татковци во Скопје: Родителството некогаш и сега
Тарик Филиповиќ, актер и водител на квизот „Милионер“; Петар Бенчина, актер, познат по улогата на докторот во филмот „Тома“, Сашко Коцев, актер и Жарко Димитриоски од „Еден на еден“, ( и во улога на модератор), ќе го раскажат своето татковско искуство на Првата Бекутан регионална конференција за современо родителство утре (12 ноември) во Скопје, во организација на „Алкалоид“.

На панелот посветен на татковците и на нивната посебна улога во текот на растењето и развојот на децата гостите ќе се обидат да ги доближат предизвиците во современото родителство и во нивната улога на татко низ одговорите на прашањата кои се очекувањата од татковците, која е нивната емотивна трансформација во осознавањето на улогата на татко, дали средината е често неправедна и повеќе ја валоризира улогата на мајката итн.
Можност ќе има и пошироката јавност да го следи овој панел во живо со вклучување на Инстаграм-профилот на „Бекутан“ https://www.instagram.com/becutan_mk на 12 ноември 2024 година од 15 часот и да дознае сѐ за улогата на татковците од личното искуство на Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина и на Сашко Коцев.
На регионалната конференција, покрај јавните личности, и педијатри и психолози ќе дискутираат како се менувал пристапот во родителството низ децениите; дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа може да премине во разгаленост; постои ли граница; на чие мислење да се потпрат родителите – на стручните лица, опкружувањето, семејството, наставниците… и дали воопшто постои точен одговор на многуте родителски дилеми; дали новите технологии и поголемата достапност до информациите денес го олеснуваат или го отежнуваат родителството.