Бектеши: Ќе ги замрзнеме цените на тестенините и млечните поизводи
Поркај замрзнувањето на цената на лебот од 33 денари, Владата ќе ја прошири листата на производи со која ќе ги оганичи производителите да ги зголемуваат цените.
Тоа ќе се случи следната недела на цените на тестенините и млечните производи, откри Крешник Бектеши, во гостувањето во вечерните вести на Сител ТВ.
Во однос на производителите на леб, Бектеши обвини дека токму тие компании кои излегоа на прес-конференција во понеделникот, продавале навечер леб по цена од 50 денари, работеле спротивно на законите, не давале ниту фискални сметки.
– Јас сум убеден и како Влада почнувајќи од премиерот, отпстапки никакви нема да има. Во делот на тужбата секој има право да тужи, демократска држава сме, но немало никаков притисок, а тие не знаат како да избегаат од тоа што го направија, рече Бектеши и ги повика институциите да направат контроли на „нечесните производители“
Бектеши истакна дека додека е ова раководство во Министерството за економија, овие компании нема да можат да имаат средба со нив, бидејќи, како што кажа, „дента кога ја најавија мерката истите ја прекршија додека работеа на црно“.
Министерот најави дека ќе се укинат и субвенциите за електрична енергија кај јавните комунални претпријатија доколку сакаат да ја зголемат цената на водата.
-Ако продолжат тоа да го прават јас најавувам дека и за нив ќе се укине субвенционираната електрична енергија, рече Бектеши.